Братислава: Денеска самит Буш - Путин

Големи безбедносни мерки се преземени во главниот град на Словачка пред денешниот американско – руски самит меѓу Џорџ Буш и Владимир Путин. Воздушниот простор на Братислава е затворен. Во градот и на Дунав има рестикции на сообраќајот. Околу 6 илјади полицајци и војници се ангажирани во безбедносните операции плус американски и руски безбедносен персонал. Како што јавуваат агенциите, поставени се бариери и контрони пунктови околу зоната на самитот за да се спречат терористички напади или попречувања од демонстрации.