Багдад: Средба на племенски лидери на сунитските муслимани за нивното учество во идната влада

Седумдесетина племенски лидери на сунитските мулсимани во Ирак се состанаа во Багдад за да ја разгледаат можноста за нивното учество во идната ирачка влада. Според дел од нив, сунитите направиле голема грешка со тоа што ги бојкотирале изборите на триесетти минатиот месец. Во меѓувреме, американските и ирачките сили покренале офанзива со цел да им стават крај на нападите на бунтовниците во близина на Багдад.