Мадрид: Шпанија гласа на референдумот за новиот европски Устав

Денеска во Шпанија започна референдумот на кој бирачите се изјаснуваат за усвојување на Уставот на на Европската Унија. Шпанија е прва земја од останатите земји членки на Европската Унија во која се гласа за европскиот Устав. Се очекува поголемиот дел од гласачите во Шпанија да го прифатат новиот устав, но стравувањата се, дека е можен слаб одзив на граѓаните.