Индонезија: Земјотрес и паника од можни цунами

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди изутрината островот Сулавеси во Индонезија, кој предизвика паника кај населението, но засега нема извештаи за повредени. Според индонезиските власти, многу луѓе ги напуштиле своите домови страхувајки од можно Цунами.