Багдад: Најмалку 15 загинати во експлозии во близина на две шиитски џамии

Во близина на две шиитски џамии во Багдад денеска имало експлозии во кои, според агенциите, загинале најмалку петнаесетина луѓе. Се верува дека експлозиите биле предизвикани од бомбаши самоубијци. До нападите дошло во време кога шиитските муслимани со маршеви го одбележуваат празникот Ашура, еден од поважните во нивниот верски календар.