Брисел: Европа и САД може да ги решат глобалните проблеми со блиска соработка

Европа и Соединетите Држави можат да ги решат глобалните кризи единствено ако блиску соработуваат, изјави во интервју за американската новинска агенција Асошиетед Прес претседателот на Европската Комисија Хосе Мануел Баросо. Тој повика на зеднички ангажман да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје и да се постигне мир меѓу израелците и палестинците. Баросо идната недела ќе се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш за време на неговата европска турнеја.