Багдад: Денеска треба да бидат потврдени резултатите од изборите

Ирачката изборна комисија денеска треба да ги потврди резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 30-ти јануари. Во неделата беше соопштено дека коалицијата на шиитските муслимани освоила 48 насто, алијансата на курдите 26 насто и листата на привремениот премиер Ијад Алави 14 насто. Рокот за жалби истече вчера.