Киев: Посета на евро комесарот за надворешна политика Бенита Фереро Валднер

Евро-комесарот за надворешна политика Бенита Фереро Валднер денеска во Киев ќе се разговара со украинскиот претседател Виктор Јушченко и со премиерот Јулија Тимошенко. Главна тема се идните односи на Украина со Европската Унија. Претседателот Јушченко изјави дека неговата земја би требало да стане членка на Европската Унија, но и да ги задржи блиските односи со Русија.