Токио: Дваесетина повредени во земјотрес

Околу дваесетина луѓе биле полесно повредени во денешниот земјотрес што го погоди подрачјето на јапонскиот главен град Токио. Интензитетот на потресот бил пет запирка четири степени според Рихтеровата скала. Јапонските власти соопштија дека нема опасност од појава на цунами бранови.