Либан: Погребан поранешниот премиер Рафик Харири

Поранешниот либански премиер Рафик Харири беше погребан денеска, два дена по неговото убиство во нападот на со автомобил бомба во Бејрут. На погребот, како што јавуваат агенциите, не присуствувале владини претставници. Тоа било по барање на семејството на Харири кои изразија сомневање дека зад атентатот стоеле либанската влада и Сирија. Имено, Харири отворено се залагал за намалувањето на сириското влијание врз Либан каде што впрочем се уште има распоредено четиринаесет илјади сириски војници. Либан и Сирија ги отфрлија ваквите обвинувања.