Ораховац: Посета на српскиот претседател Борис Тадиќ на Косово

Српкиот претседател Борис Тадиќ во рамки на посетата на Косово, денеска оствари средби со жителтите на селото Ораховац, каде изјави дека ,,српскиот народ кој живее на Косово, се наоѓа во најтешка положба од сите народи во Европа,,. При посетата пак на селото Батус, Тадиќ истакна дека не е подготвен да разговара со косовскиот премиер Рамус Харадинај, бидејќи како што соопшти ниту во Белград не разговара со ,,соомничени воени злосторници,,. Тадиќ денеска со посетата на Косовска Митровица, ќе ја заврши дводневната турнеја низ Косово, која се одвиваше под силно обезбедување и која измина со неколку помали инциденти, како каменување на колоната возила на српскиот претседател.