Минхен: Говор на Кофи Анан на конференцијата за безбедност

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, зборувајќи во рамки на конференцијата за безбедност што се одржува во Минхен, предупреди денеска дека светот наскоро би можел да се соочи со повеќе земји кои поседуваат нуклеарно вооружување, доколку не бидат преземени зактивности за заострување на постоечките правила. Тој во својот говор, конкретно не именуваше ниту една земја.