Вашингтон: Хауард Дин претседател на Демократската Партија во САД

Хауард Дин е избран за претседател на Демократската партија во Соединетите држави. Дин кој е поранешен гувернер на Вермонт, едногласно го избраа 450-те претставници на партијата. Тој беше еден од фаворитите на Демократската партија за кандидат за претседател на минатите избори, но изгуби од Џон Кери. Во Соединетите држави на власт е Републиканската Партија на Џорџ Буш.