Пекинг: Кина ќе се залага за обнивување на разговорите во врска со Северна Кореа

Кина вети дека ќе се залага за повторно обновување на разговорите во врска со Северно Корејската нуклеарна програма. Кинескиот министер за надворешни работи Ли Заохинг, ветувањето и го дал на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, во телефонскиот разговор. Ли истакнал дека Кина ќе се залага за обновување на шест партитните преговори, во ,,најскоро време,,. Северна Кореа во четвртокот објави дека поседува нуклеарно оружје и дека се повлекува од шест партитните преговори. Во исто време земјата побара од Соединетите држави директни билатерлани преговори за решавање на прашањето, што веднаш беше одбиено од Вашингтон.