Пакистан: Најмалку 80 жртви во поплави

Најмалку осумдесет лица загинале во поплавите што зафатија делови на југоисточен Пакистан. Поплавите биле предизвикани откако синоќа, поради изобилните дождови, пукнала една брана. Според полицијата, околу четиристотини луѓе се водат како исчезнати.