Мусиаб: Најмалку 15 загинати во експлозија на бомба

Во денешната експлозија на автомобил бомба во ирачкиот град Мусаиб загинале најмалку петнаест луѓе, додека дваесетина други биле повредени, јавуваат агенциите. Претходно во градот Басра на југот на Ирак денеска бил убиен еден познат ирачки судија, соопшти полицијата, прецизирајќи дека врз судијата Таха ал Басри додека одел на работа стрелале две лица на мотоцикл. Во Ирак зачестија нападите врз претставници на ирачките власти кои бунтовниците ги обвинуваат за соработка со американските сили во таа земја. Во двата напада во Багдад кои се случија за време на вчерашната ненајавена посета на американскиот државен секретар Доналд Рамсфелд на Ирак, според последните информации загинале дваесет лица.