Виена: Австрија планира конференција за Балканот

За време на претседавањето со Европската Унија, во почетокот на наредната година, Австрија планира одржување конференција за Балканот. На тој состанок, како што пишува весникот Пресе, би требало да бидат изработени модели за приближувањето на тие земји до Унијата.