Лондон: Принцот Чарлс ќе се ожени со Камила Паркер Боулс

Британскиот престолонаследник Принцот Чарлс ќе се ожени со својата многугодишна партнерка Камила Паркер Боулс. Ова денеска го соопшти кабинетот на принцот, без да наведе други детали. Меѓутоа, телевизијата Скај Њуз ја пренесе информацијата дека свадбата била закажана за шестти април годинава. Чарлс претходно беше оженет за принцезата Дијана која во илјада деветстотини деведесет и седмата година загина во автомобилска несреќа во Париз. Дијана тогаш беше разведена од Чарлс. Најавениот брак е чувствител за Британија бидејќи Камила Паркер е разведена а нејзиниот сопруг е се уште жив.