Сибир: 17 загинати во експлозија во рудник за јаглен

Во јужен Сибир во експлозија во рудник на јаглен загинале 17 рудари. Од регионот Кемерово, како што јавуваат агенциите, се уште се трага по девет рудари. Причина за несреќата е гасот метан.