Атина: Карлос Папуљас нов грчки претседател

Каролос Папуљас е новиот грчки претседател избран синоќа од парламентот во Атина како предлог на владеачката Нова Демократија и со подршка на неговиот опозиционен Пасок. Тој заедно со Андреас Папандреу е основач на Пасок а како министер за надворешни работи ја потпиша привремната спогодба со Македонија во Њујорк. Тој беше познат по својата подршка на Белград за време на воените дејствија во поранешна Југославија, еден е од архитектите на про-арапската политика на Грција и нему му се припишува цврста политика кон Турција.