Багдад: Најмалку 13 загинати во експлозија

Најмалку 13 лица загинале, а 11 биле повредени при денешната експлозија во Багдад, во близина на еден регрутен центар. Во Багдад изутрината бил нападната и колона возила во која бил шиитскиот политичар Митал Ал Алуси, кој останал неповреден, но загинале неговите два сина. Агенциите јавија и дека тројца ирачки полицајци загинале во престрелка, исто така во Багдад.