Багдад: Четворица египетски државјани, киднапирани

Четворица египетски државјани, инжењери кои работеле во една компанија за мобилни телефони се киднапирани денеска во Багдат од вооружени напаѓачи. Како што пренесе телевизијата Ал Арабија, четворицата мажи биле киднапирани во моментот кога заминувале кон нивниот дом во западниот дел на Багдад. Инаку, во последниот напад во Ирак, што се случи вчера, загинаа 20 ирачани и тројца американски војници.