Грузија: Погреб на починатиот премиер Жваниа

Во Грузија денеска ќе се одржи погреб за починатиот премиер Зураб Жваниа, кој беше најден мртов во четвртокот од труење со јаглерод моноксид. Грузискиот претседател Михаил Шакашвили кој ги презеде должностите од починатиот премиер до формирањето на новата влада, ги прогласи вчерашниот и денешниот ден за Денови на жалост.