Анкара: Рајс, по посетата на Анкара заминува за Израел

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ќе претстојува во Израел, со цел да се охрабрат Израелците и Палестинците да го продолжат мировниот процес. Рајс денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Ариел Шарон, а утре со претседателот на палестинската власт Махмуд Абас. Пред заминувањето во Израел, Рајс е во посета на Турција на средби со турскиот претседател Ахмет Неџет Сезер и министерот за надворешни работи Абдула Ѓул.