Вашингтон: Годишно обраќање до нацијата на американскиот претседател Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш во денешното годишно обраќање до нацијата, посебно внимание ќе им посвети на планот за модернизација на системот за социјална заштита и на ситуацијата во Ирак. Буш се очекува да ја нагласи и потребата од фискална дисциплина во американскиот буџет, како и да ја повика Северна Кореја да ги продолжи преговорите за нуклеарната програма. Според американскиот Устав, претседателот повремено мора да ја известува јавноста за ситуацијата во земјата.