Непал: Претставен новиот десет член кабинет

Кралот на Непал, Гјанендра, денеска го претстави новиот 10-член кабинет, откако вчера ја распушти Владата поради неуспехот да организира избори и да ја оконча граѓанската војна со маоистичките бунтовници. Кралот прогласи вонредна состојба и ги ограничи граѓанските права, вклучувајки ја и слободата на печатот. Повеќемина политичари се уапсени, а телефонските врски се во прекин. Соединетите Држави ги осудија новите мерки на кралот на Непал и го повикаа да ги врати демократските институции.