Пакистан: Уништена електрична станица

Бунтовниците во Пакистан, целосно уништиле една електрична станица во нападот што се случил во провинцијата Балукистан. Како што соопштија од Компанијата за електрика, станицата била целосно уништена во ракетниот напад на бунтовниците, вчера вечерта. Малку познатата националистичка група Ослободителна организација Балух, ја презеде одговорноста за нападот.