Багдад: Продолжуваат насилствата во Ирак

Во Ирак продолжуваат насилствата. Во Киркук денеска биле нападната полициската станица и три училишта во кои в недела треба да се гласа. Нема извештаи за жртви. Претходно во Багдад експлодирал автомобил бомба во близина на австралиска патрола, при што 6-мина војници биле ранети. Американскиот претседател Џорџ Буш вчера ги повика ирачаните да ги победат бунтовниците на тој начин што ќе гласааат на изборите.