Багдад: Грабнати тројца членови на ирачката изборна комисија

Ирачките бунтовници, како што јавуваат агенциите, грабнале тројца членови на Ирачката изборна комисија, а во текот на ноќта и изутрината во Багдад експлодирале неколку бомби. Едната експлозија се случила за време на минувањето на еден американски конвој. Нема информации за жртви. Експлозии денеска имало и во близина на Киркук. Се прецизира дека станува збор за автомобили бомби во кои според неофицијални информации загинале најмалку седуммина ирачани. Ирачките бунтовници ги зачестија нападите со цел да ги спречат парламентарните избори закажани за в недела.