Вашингтон: Буш ќе бара нов фонд од 80 милијарди долари за воени операции во Ирак и Авганистан?

Американскиот претседател Џорџ Буш, според извори од неговата администрација денеска ке објавел барање за нов фонд од 80 милијарди долари за воени операции во Ирак и Авганистан. Тие ќе бидат додаток на веќе одобрените 25 милијарди долари за итни потреби одобрени во оваа фискална година. Досега во двата конфликта се потрошени 280 милијарди долари.