Техеран: Иран ги предупредува САД

Иранските власти уште еднаш предупредија дека ќе биде голема стратегиска грешка доколку Соединетите Држави воено интервенираат во таа земја. Претставник на министерството за надворешни работи во Техеран изјави дека се мали шансите за американски напад врз Иран и оти Соединетите Држави водат психолошка војна против неговата земја.