Багдад: Најмалку 10 лица повредени во експлозија на автомобил бомба

Најмалку 10 лица биле повредени при денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба на еден контролен пункт во Багдад во близина на канцелариите на ирачкиот премиер Ијад Алави. Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група, предводена од Абу Мусаб Ал Заркави, кој повика на војна за време на изборите. Американскиот амбасадор во Ирак, Џон Негропонте изјави дека сојузничките сили подготвуваат безбедносен план за заштита на гласачите за време на општите избори на 30-ти овој месец, но додаде дека сепак има некои проблематични региони.