Киев: Инагурација на Виктор Јушченко

Виктор Јушенко положи заклетва во парламентот за претседател на Украина. По заклетвата, се очекува да им се обрати на илјадниците собрани граѓани на плоштадот на независноста во Киев. Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Колин Пауел пред инагурацијата на средбата со Јушченко, изјави дека Вашингтон е подготвен да и помогне на Украина. На денешната свечена церемонија присуствуваат околу 40-тина претставнци од целиот свет, мегу кои генелраниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер, како и полскиот претседател Александар Квашњевски.