Техеран: Стотици села отсечени поради невреме

Стотици села во северниот дел на Иран, се отсечени од остатокот од земјата, по невремето што го зафати регионот во текот на ноќта, при што паднал околу 75 сантиметри снег. Во некои области нема ниту вода и струја, а сите училишта се затворени. Во региони на главниот ирански град Техеран, снегот од 20 сантиметри предизвика сообраќаен метеж, а дел од патиштата се затворени, и се предупредува на можноста од лавини, соопштуваат државните агенции.