Кобе: Усвоен план за намалување на смртноста и штетите предизвикани од природни катастрофи

Делегатите од сто и пеесет земји на конференцијата во јапонскиот град Кобе усвоија план за намалување на смртноста и штетите предизвикани од природните катастрофи. Рамката за акција, како што се вика документот, сепак, според агенциите, не содржи прецизни механизми со кои владите во светот би можеле да го постигнат тоа.