Вашингтон: Поздравено распоредувањето на палестински сили во појасот Газа

Соединетите Држави го поздравија распоредувањето палестински сили во Газа Појасот со цел спречување на нападите на милитантите против Израел. Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер изјави дека Вашингтон го охрабрува овој чекор преземен од новиот палестински лидер Махмуд Абас.