Непал: 40 загинати во сообраќајна несреќа

Полицијата во Непал соопшти дека во денешното паѓање на автобус во една провалија загинале четириесет луѓе. Автобусот што излетал од патот и паднал во река, бил полн со гости кои оделе на свадба.