Багдад: Најмалку 13 загинати во експлозија на автомобил бомба

Најмалку 13 луѓе загинале, а 40-тина биле повредени при денешната експлозија на автомобил бомба во близина на шиитската муслиманска џамија во Багдад. Според полициски извори, меѓу настраданите има и жени и деца. Во меѓувреме, еден американски војник загинал при напад на бунтовниците врз патрола северно од Багдад. Милитантниот лидер Абу Мусаб Ал Заркави, преку аудио порака, ги повика неговите следбеници да се подготват за долга војна против американските сили во Ирак.