Скопје: Метју Нимиц утре во посета на Македонија

Специјалниот посредник на Обединетите Нации, во македонско грчките разговори за спорот со името, Метју Нимиц утре ќе допатува во Македонија, на средба со македонскиот државен врв. Нимиц на последната рунда преговори, што беше одржана во Њујорк, при што од македонска страна беше потенцирано дека државата останува на ставот за употреба на двојната формула за името, изјави дека нема временска рамка за завршување на преговорите, но оти тие неможат да траат во недоглед.