Холивуд: „Авијатичарот“ и „Сајдвејз“ добија Златни глобуси

Филмот на режисерот Мартин Скосиз ,,Авијатичарот,, и комедијата ,,Сајдвејз,, ги освоија Холивудските Златни глобуси за најдобри остварувања. ,,Авијатичарот,, во кој се прикажува животот на ексцентричниот милијардер Хаурад Хјуз ја доби наградата во категоријата драма.