Пекинг: Почина Џао Цијан, екс лидер на Комунистичката партија на Кина

Поранешниот лидер на Комунистичката партија на Кина Џао Цијан почина денеска на осумдесет годишна возраст од мозочен удар, јави агенцијата Ројтерс повикувајќи се на извори блиски на неговото семејство. Џао Цијанг е познат по тоа што во илјада деветстотини осумдесет и деветата се спротивстави на воената акција против демонстрантите на плоштадот Тјенамен поради што беше сменет од функцијата и ставен во домашен притвор.