Загреб: Во Хрватска, втор круг од претседателските избори

Во Хрватска денеска се отворени 6 569 избирачки места на кои граѓаните, избираат претседател на државата, во рамки на вториот круг гласање. Во вториот изборен груг, влегоа двајца кандидати со најмногу освоени гласови во првиот круг, актуелниот претседател Стипе Месиќ кој освои 49% од гласовите и кандидатот на Хрватската демократска заедница Јадранка Косор со освоени 20, 18%. Право на глас имаат околу 4,4 милиони државјани на Хрватска кои живеат во земјата и во странство. Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а првите неофицијални резултати се очекуваат на полноќ.