Њујорк: Усвоен план за дејствување во борбата против тероризмот меѓу НАТО и Русија

Русија и НАТО усвоија план за дејствување во борбата против тероризмот. Ова, како што јавуваат руските новински агенции, го изјавил министерот за одбрана на Русија Сергеј Иванов на состанокот во невладиниот Совет за меѓународни односи во Њујорк. Иванов прецизирал дека планот содржи три нивоа на соработка, спречување на терористички опасности, непосредна борба против терористичките групи и ликвидација на последиците од терористичките акти.