Вашингтон: Русија и САД билку до потпишување спогодба за сузбивање нелегална трговија со проектили

Рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов изјави во Вашингтон дека Русија и Соединетите Држави се блиску до потпишување спогодба за сузбивање на нелегалната трговија со проектилите земја – воздух. На заедничката прес конференција со неговиот американски колега Доналд Рамсфелд, Иванов соопшти дека е постигнат начелен договор за заедничките акции против трговијата со такви ракети, кои терористите би можеле да ги користат за соборување комерцијални авиони.