Багдад: Убиен заменик шефот на полицијата

Ирачките власти соопштија дека во денешнниот напад на бунтовниците бил убиен заменик шефот на полицијата на Багдад Амер Најеф. Во него било стрелано кога тој излегувал од својот дом. Неколку минути подоцна во Багдад дошло до експлозија на автомобил бомба во кој загинале три лица. Се наведува дека станува збор за бомбаш самоубиец кој возилото полно со експлозив го активирало во една полициска станица во Багдад. Само во изминатата недела во нападите на бунтовниците загинале над сто ирачани, пред се припадници на безбедносните сили.