Шри Ланка: Посета на Кофи Анан

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, при посетата на Шри Ланка, една од најпогодените во цунами катастрофата, пред заминувањето за Малдивите изјави дека сака да се врати на Шри Ланка за да ги посети сите делови на земјата, по извештаите дека властите на оваа земја вчера не му дозволиле да ги посети северните делови од земјата контролирани од Тамилските Тигри. Претседателот на Светската Банка Џејмс Волфенсон, кој исто така е во посета на погодените рееони од цунами-то, рече дека Светската Банка би можела да учествува со 1,5 милијарди долари средства помош, ако е потребно. Во меѓувреме, шефот на програмата за храна на Обединетите Нации Џим Морис изјави дека очекува помошта во храна да стигне до сите преживеани во катастрофата во наредната седмица.