Багдад: Нови жртви во Ирак

Американската војска соопшти дека еден американски војник е убиен денеска при експлозија на бомба во Ирак. Во текот на ноќта пак, во експлозија на бомба што се случила на југот од Багдат, како што соопшти ирачката полиција, најмалку пет лица, меѓу кои и двајца полицајци, ги загубиле животите. Доцна синоќа американската војска призна дека вчера бомбардирала погрешна цел при воздушен напад блиску до северниот ирачки град Мосул. Во изјавата е соопштено дека петмина Ирачани биле убиени во нападот по грешка, во градот Аита. Но, сопственикот на уништената куќа изјави дека во нападот загинале 14 лица, меѓу нив и седум деца. Американската војска изрази жалење и вети истрага.