Бишкек: Протести на опозицијата со барање за фер и демократски избори

Приврзаници на опозицијата во Киргистан денеска протестираат пред зградата на парламентот во Бишкек, со барање парламентарните избори што треба да се одржат наредниот месец, да бидат фер и демократски. Ваквата реакција доаѓа откако изборната комисија ја отфрли кандидатурата на Роза Отунбаева, која е лидер на опозицијата, со образложение дека нема континуиран престој во Киргистан во последните 5 години.