Ирак: 7 американски војници, загинаа

Американската команда во Ирак соопшти дека од поставена бомба на пат во Багдад загинале сите 7 американски војници кои се наоѓале во возилото. Ирачкиот премиер Ијад Алави прогласи 30 дневно продолжување на итната состојба за да им даде на владините сили повеќе сила во обезбедувањето на изборите кои треба да се одржат на 30-ти јануари.