Јужна Азија: 160 илјади загинати од цунами катастрофата

Индонезија денеска соопшти дека уште 20 илјади лица се водат како загинати од цунамито, со што до сега само во оваа земја има 113 илјади односно во 11-те погодени држави на Јужна Азија вкупно повеќе од 160 илјади загинати лица. Тешко погодената провинција Ацех на Суматра денеска ја посетија генералниот секретар Кофи Анан и претседателот на Светската Банка Џејмс Волфенсон. Анан вчера на самитот во Индонезија побара милијарда долари во готово од земјите донатори како итна помош за настраданите. На самитот беа ветени речиси 4 милијарди долари помош. На Тајланд се наоѓа британскиот министер за надворешни работи Џек Строу кој изјави дека во цунамито загинале 440 британци, а американскиот државен секретар Колин Пауел по посетата на Ацех денеска ја посети Шри Ланка каде што загинаа 30 илјади луѓе.